Ekipa
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
ДАМАСК (АА) - Режимот на Асад и странските прорежимски терористички групи изведоа напад во Источна Гута, област којашто ја држат под опсада. Во нападот загинаа шестмина цивили, меѓу кои има жени и деца, а ранети се најмалку 30 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмут Адем, член на тимот за цивилна заштита на Источна Гута, пренесе дека силите на режимот на Асад извршиле гранатирање на населената област Хамирије и на појасот Сакба.
Во нападот, животот го загубија шестмина цивили, меѓу кои има жени и деца, а ранети се 30 цивили. Претставникот на цивилната заштита соопшти дека некои од ранетите се во животна опасност и се стравува од зголемување на бројот на загинатите.
Претставникот на цивилната заштита соопшти дека ранетите се префрлени во најблиските здравствени објекти, и додаде: „Цел на гранатирањето беа и здравствените екипи кои отидоа на местото на нападот за да ги преземат ранетите, но за среќа, тие се во добра здравствена состојба. Имаше повеќе од 6 ракетни напади”.
Видеоснимките од гранатирањата што силите на режимот ги извршија во руралниот дел на Дамаск, коишто беа објавени на интернет од страна на спасувачките екипи, прикажуваат како една зграда за време на нападот се претвора во руина.