Ekipa
22 Август 2019•Ажурирај: 24 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Силите на Асадовиот режим, кои со воздушната поддршка ги прекршуваат договорите од Астана и Идлиб, под своја контрола го ставија подрачјето на сирискиот град Хан Шејхун, јавува Anadolu Agency (AA).
Со копнена поддршка на странските терористички групи, поддржани од Иран, и на руските специјални сили и платени војници, режимот започна операција со цел влегување во подрачјето.
Силите на режимот откако ја презедоа контролата врз контролните точки во Факир и Нимр, кои се наоѓаат на западниот влез на подрачјето, вчера ја презедоа контролата и врз местото Хазанат, и од секоја страна го заобиколија подрачјето.
Со овој чекор, силите на режимот влегоа во центарот на Хан Шејхун.
Покрај Хан Шејхун, исто така и подрачјата на Морик и Кефер Зита се под опсада на режимот.
Русија даде интензивна воздушна поддршка на Асадовиот режим и иранските сили за време на нападите врз Хан Шејхун.
- 112.000 лица беа принудени да избегаат од подрачјето -
Подрачјето на Хан Шејхун во Идлиб, во светот беше актуализирано откако 100 лица загинаа во масакрот со хемиско оружје извршен на 3 април 2017 година од страна на Асадовиот режим.
САД на 7 април ја погодија воената воздушна база на режимот во Шајрат, додека Заедничката истражна комисија (JIM) на Обединетите нации (ОН) и Организацијата за забрана на хемиското оружје потврди дека овој напад бил извршен од страна на режимот.
На состанокот во Астана одржан на 4 и 5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран го прогласија Идлиб и неговата околина за „деескалациона зона“, во која беше вклучен и Хан Шејхун. Но, Асадовиот режим и неговите поддржувачи продолжија со интензивните напади врз Хан Шејхун.
Како резултат на нападите на Русија, терористичките групи поддржани од Иран, како и на Асадовиот режим, раселени се околу 112.000 цивили кои живееја во Хан Шејхун.
Моментално нема цивили во центарот на ова подрачје.