Ömer Koparan,Adham Kako
15 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ЧОБАНБЕЈ (АА) - Во бомбашки напад недалеку од болницата во Чобанбеј (Ал Раи), во северниот дел на Сирија, загинаа најмалку 12 лица, додека голем број се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозивната направа, поставена на возило, експлодирала на паркингот недалеку од болницата во Чобанбеј, место во близина на границата со Турција.
Извори од Цивилната заштита тврдат дека загинале најмалку 12 цивили, и дека има голем број ранети.
Екипите се на терен и спроведуваат акции за спасување од под урнатините на објектите во близина на болницата.
Како резултат на детонацијата предизвикана е материјална штета.