Erdoğan Çağatay Zontur
22 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
АНКАРА (АА) - Британските власти започнаа со посредување меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и опозициските Курди во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Националниот совет на сириски Курди (ENKS), Велика Британија прави обиди за помирување на ЈПГ/ПКК и Националниот совет на сириски Курди (ENKS), кој се смета за легитимен претставник на сириските опозициски Курди, откако претходните напори на Франција завршија со неуспех.
Претходно во јуни, Франција се состана со претставници на Советот, нудејќи им помош за решавање на нивните несогласувања со терористите на ЈПГ/ПКК.
За време на состанокот во Камишли, Сирија, Националниот совет на сириски Курди (ENKS) го отфрли предлогот на Франција за отворање на канцеларии во окупираните области од страна на ЈПГ/ПКК во северна Сирија.
По налог на Соединетите Американски Држави (САД), британска делегација вчера изутрина заминала во Камишли за да разговара за истото прашање.
„Ставот на Советот ќе зависи од применливоста на предлозите на Велика Британија“, нагласи изворот.
Во обид да станат единствени претставници на сириските Курди, ЈПГ/ПКК во минатото ја замолкна опозицијата во регионот што го окупираше.
Терористичките групи неколкупати киднапираа членови на Националниот совет на сириски Курди (ENKS) и ги затворија или ги ограбија канцелариите на политичките партии поврзани со Советот.