Halit Süleyman
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - По бомбардирањето на воените летала на сириската војска лојални на претседателот Башар ал-Асад, во Алепо уништена е најголемата болницата во делот под контрола на сириската опозиција, јавува Andolu Agency (AA).
Според службениците на цивилната заштита, хеликоптерите на војската лојални на сирискиот претседател Асад, извршија напад со барел бомби на подрачјето на Сахур во Алепо.
Болницата е во потполност уништена, а причинета е материјална штета на голем број амбулантски возила. Цел на режимските сили беа и екипите кои помагаа во евакуација на болницата.
Локалниот активист, Мерван Салим, за АА изјави дека има мртви и ранети во овој напад. Ранетите се сместени во други болници. Салим нагласи дека бомбардирањата на болниците се најголеми на тоа подрачје.
Според него, болницата и претходно била цел на напади.
„Руските и авионите на режимските сили го бомбардираа Сахур во исто време. Источните делови на Алепо веќе десет дена се под интензивно бомбардирање. Русите бомбардираат со касетни, а режимските сили со барел бомби” , истакна Салим.
По 19 септември, кога престана да важи прекинот на огнот во Алепо, воздушните напади се интензивирани. Во нив загинаа околу 500 цивили, а ранети се 1.600.