Ali Demir
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ХОМС (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во бомбашки напад во градот Хомс, кој е под контрола на сириската армија, јавува Anadolu Agency (АА).
Локални извори за АА изјавија дека нападот бил извршен со активирање на автомобил - бомба во близина на контролен пункт во населбата Зехра и дека повеќето од повредените се припадници на сириските безбедносни сили.
Во силната експлозија била предизвикана поголема штета во веќе воено опустошената област на Хомс, а десетици повредени биле транспортирани во болницата во близина.
И сириската новинска агенција САНА ја потврди веста за 11-те убиени во нападот.
Квартот Зухра во Хомс го контролираат силите лојални на претседателот Башар ал-Асад и е место на чести напади.