Halit Süleyman
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку седум лица смртно настрадаа, а 20 се повредени во воздушен напад на руските воени авиони во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency(AA).
Според податоците на службениците на невладините организации во Алепо, руски авиони бомбардираа пазар и здравествен центар во местото Сукери кои се наоѓа под контрола на опозиционите сили.
Загинаа седум лица, а меѓу нив се наоѓаат жени и деца. Повредените лица се пренесени со помош на граѓаните до импровизирана болница во близина на местото на настанот. На објектите е причинета голема материјална штета, а некои автомобили и куќи во потполност се уништени. Во текот е акција за барање и спасување на преживеаните под рушевините.