Halit Süleyman
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
РАСТАН (АА) - Воен авион на сирискиот режим го бомбардираше населеното место Растан во близина на Хомс. Во нападот загинаа 7 лица, а 20-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Од информациите, кои дописникот на АА ги доби од претставници на цивилната заштита, се дознава дека воен авион на сириските сили на режимот го бомбардирал населеното место Растан, кое се наоѓа на север од Хомс и е под контрола на опозицијата.
Во нападот седум лица го загубија животот, а 20-мина повредени се однесени во мобилната болница на лекување, се дознава од изјавата на одговорните во цивилната одбрана.
Во вчерашните напади на авионите на режимот загинаа 13 лица, членови од исто семејство, меѓу кои имаше жени и деца.
Растан се наоѓа меѓу градовите Хомс и Хама, област која веќе година и половина е под опсада на силите на режимот. Од цивилната заштита изјавија дека во градот во прекин се доводот на вода и струја и не е можен дотур на хуманитарна помош, бидејќи силите на режимот вршат секојдневни напади од земја и воздух.