Ekipa
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
ИДЛИБ (АА) - Во експлозијата во Џиср еш Шугур, во сирискиот град Идлиб, загинаа најмалку 15 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори истакнуваат дека од непознати причини дошло до експлозија во центарот на Џиср еш Шугур.
Раководителот на Цивилната заштита во Идлиб (Бели шлемови), Мустафа Хаџ Јусуф, изјави дека во експлозијата се ранети 30 цивили.
Според неговите зборови, многу хоспитализирани лица се во тешка состојба.
Како последица на детонацијата е причинета значајна материјална штета на објектите во околината и возилата.