Mohamad Misto,Adham Kako
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Најмалку 20 цивили загинаа во воздушните напади извршени на местото Сусе, во сириската покраина Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите ги извршија коалициските сили предводени од САД. Локалните извори наведуваат дека цивилите се обидувале да го напуштат Сусе во околината на Деир ез Зор и да побегнат од судирите на терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК.
Наведено и дека во Сусе дошле од другите сириски места, бегајќи исто така од војната и судирите.
Терористичката организација ДЕАШ моментално во покраината Деир ез Зор под окупација држи неколку помали места.
Источните, западните и северните периферии богати со нафта на покраината Деир ез Зор во моментот се под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, на кои во заземањето на тие краеви им помогна американската војска. Таа терористичка организација под окупација моментално држи речиси третина од територијата на Сирија.
ЈПГ/ПКК во септември минатата година, со воздушна поддршка на САД и со копнена поддршка од Франција започна со напади, со цел чистење на Деир ез Зор од ДЕАШ.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад исто така под контрола држат некои западни делови на таа покраина.