Eşref Musa
27 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
РАС АЛ АЈН (АА) - Две лица загинаа, а две се повредени во терористичкиот напад извршен врз контролниот пункт на Сириската национална војска (СНВ) со возило натоварено со бомби во областа Рас ал Ајн во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористичкиот напад е извршен врз контролниот пункт на Сириската национална војска со автомобил бомба во селото Тел Џенеб во градот Мебруке на југот од областа Рас ал Ајн.
Како резултат на нападот, животот го загубија двајца војници, а две лица се повредени.
Од друга страна, судбината на возачот на возилото натоварено со бомби не е позната.
Локалните безбедносни сили, кои започнаа истрага за нападот, истакнуваат дека можно е нападот да е организиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Центарот на Рас ал Ајн беше ослободен од тероризмот со турската операција „Извор на мирот“ на 12 октомври 2019 година.
ЈПГ/ПКК често организира терористички напади врз цивилните населби во Рас ал Ајн и Тел Абјад од регионите Ајн Иса и Тел Темир, кои сѐ уште се под нејзина окупација.