Mahmoud Barakat
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ИДЛИБ (АА) - Десетина цивили загинаа а други девет се повредени во руски воздушни напади извршени денес во северозападната покраина на Сирија, Идлиб, изјавија локални извори на цивилна одбрана за Anadolu Agency (АА).
Изворите кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека руски воени авиони нападнале населен дел на градот Ариха во покраината Идлиб, убивајќи тројца цивили и повредувајќи други девет.
Според истите извори, седум цивили, истиот ден, загинаа во руските воздушни напади на градот Талбисех во покраината Идлиб.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде свирепи мерки против про-демократските протести.