Cem Genco
03 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ХАТАЈ (АА) - Координаторот на хуманитарната организација "Hayrat" за помош на Сирија, Мухамед Убејд Коскер, за Anadolu Agency (AA) говореше за уништените куќи, училишта, деловни објекти и болници во Алепо.
Коскер рече дека, по петгодишното војување во Сирија, трагите на животот во Алепо, кој инаку е еден од важните и големи градови во таа земја, почнаа да исчезнуваат.
"Во Алепо живееа скоро шест милиони луѓе, но поради граѓанската војна, луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови. Сега во Алепо живеат отприлика 200.000 луѓе. Не сакајќи да бидат мета на нападите и со цел да се спасат од судирите, Сиријците бегаат во безбедните зони или во соседните земји", кажа Коскер, видно потресен со ситуацијата во Алепо.
Коскер истакна дека Алепо пред војната бил трговски јазол на Сирија, меѓутоа сега, поради постојаните напади, стана град на рушевини.
Тој истакна дека има и од оние кои, и покрај сè, одлучиле да останат во овој град, стар неколку илјади години.
Во секоја улица на Алепо се среќаваме со уништени куќи, училишта, деловни објекти, болници... Сиријските фамилии кои, и покрај сè, одлучиле да останат во градот, поради опасноста не излегуваат надвор. Луѓето имаат проблеми со здравјето, електричната енергија и греењето и потребен им некој да им ги преврзе раните", рече Коскер, додавајќи дека тие луѓе преживуваат од хуманитарна помош.
Тој додаде дека нивното здружение ќе продолжи со ист интензитет во пружањето помош на загрозеното население во Алепо.