Ekipa
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ХОМС/АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад во Сирија, и воените опозициски групи во Северен Хомс, кој е дел од зоните без судири и се наоѓа под опсада на режимот, не постигнаа договор за ставање крај на окупацијата во ова подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА во регионот јавија дека режимот и опозицијата, со посредство на Русија, вчера одржале преговори за ставање крај на опсадата во Северен Хомс.
Но, не биле исполнети барањата на воените опозициски групи, кои барале воените елемени на режимот да не влегуваат во подрачјето, да им се овоможи да излезат од подрачјето на оние што сакаат да излезат, додека тие што сакаат да останат да можат да го продолжат својот живот, режимот повторно да обезбеди вода за подрачјето, како и тоа примирјето да продолжи под надзор на Турција и Русија.
Русија пред извесно време ги наметна условите што беа спроведени во Источна Гута, како што е присилната евакуација и предавањето на оружјето од опозициските борци.
Но, договор не беше постигнат бидејќи Русија не го промени ставот, и бидејќи поголемиот дел од опозициските групи не ги прифатија условите.
Четвртиот корпус кој е алијанса на групите во регионот што се под патрон на Слободната војска на Сирија (ССВ), соопшти дека нема да го напуштат Северен Хомс и дека се подготвуваат за судир.
Исто така, цивилите во регионот протестираа поради условите во договорот што Русија се обиде да ги наметне.
Русија соопшти дека на воените опозициски групи им е даден рок до 12 часот по локално време.
Од друга страна, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера оствари телефонски разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, во кој е разговарано околу последните случувања во Сирија и во Хомс.
- Состојбата во зоната без судири во Хомс -
Зоната од 592 километри во северниот дел на Хомс што е под контрола на опозицијата, веќе 5 години е под опсада. Во ова подрачје живеат околу 200-250 илјади лица.
Русија соопшти дека на 4 октомври 2017 година е постигнато примирје меѓу режимот и опозицијата во зоните без судири, во кои влегува и северниот дел на Хомс.
Но, режимот како резултат на опсадата и интензивните напади, минатиот месец ја презеде контролата врз Источна Гута која се наоѓа во Дамаск, а на 14 април се насочи кон Северен Хомс.