Ekipa
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Извршен е ракетен напад на воздушна база која е под контрола на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, соопштуваат локални медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција САНА наведува дека нападот врз воената база „Даба“ во Хомс го извеле авиони на досега неидентификувана земја.
Истакнато е дека режимските сили возвратиле на нападот. Групите блиски до сирискиот претседател Асад на социјалните мрежи објавија дека биле извршени два ракетни напади врз воени позиции во близина на рафинеријата Т2, во југозападниот дел на реката Еуфрат.
Израел во координација со Русија одвреме-навреме извршува напади врз позициите на иранските сили во Сирија, но никогаш тоа не го потврди официјално.