Ekipa
04 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
РАКА/АНКАРА (АА) - Силна експлозија одекна во касарната во северниот дел на Сирија во која се наоѓаат војници на Соединетите Американски Држави (САД) и Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за воена база сместена во градот Ајн Иса во покраината Рака, која е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Неименувани локални извори јавуваат дека експлозијата се случила доцна синоќа.
Терористичките елементи на ЈПГ/ПКК преку социјалните мрежи соопштија дека до експлозијата дошло во магацинот со оружје и муниција.
Во базата се ангажирани околу 200 американски и 75 француски војници.
Сè уште нема веродостојни информации за последиците од експлозијата.