Ekipa
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АЗАЗ (AA) - Две лица го загубија својот живот, додека 9 лица се повредени како резултат на експлодирањето на мина поставена покрај патот во подрачјето на Азаз, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мина поставена покрај патот во местото Кефер Келбин, во јужниот дел на Азаз, експлодираше при преминот на еден минибус.
Од експлозијата смртно настрадаа 2 лица што се наоѓале во возилото, додека 9 лица биле повредени.
Исто така, синоќа биле извршени минофрлачки напади во центарот на Азаз, во кои нема жртви или повредени.
Безбедносните сили претпоставуваат дека двата напади биле извршени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Оваа терористичка организација, која го окупираше подрачјето на Тел Рифат, југозападно од Азаз, често како цел ги има цивилите и населените места во Азаз.
Привлече внимание тоа што последниот напад беше извршен за време на посетата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Москва, каде што ќе се состане со неговиот руски колега за да разговара во врска со Сирија.
Турција и Русија ги продолжуваат преговорите во врска со присуството на оваа терористичка организација во Тел Рифат, на чије подрачје се присутни од реализирањето на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн.