Recep Şakar
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
МЕЛБУРН (АА) - Со акробациите на воените авиони денес е продолжен Меѓународниот саем за авијација и одбрана во Австралија „Avalon Airshow“, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за еден од најважните саеми на авијација кој привлекува повеќе десетици илјади посетители.
Саемот во австралискиот град Џилонг, кој се одржува на секои две години, започна денеска и ќе трае во наредните три дена. Учествуваат земји и фирми кои се водечки во областа на авијацијата.
Во затворениот дел на Саемот што го посетуваат десетици илјади луѓе, водечките компании во авиоиндустријата ги промовираат прототипите и новите технологии. Се работи за претставување на беспилотни летала, ракетни фрлачи, хеликоптерски мотори, борбени авиони, вселенски технологии, како и радарски системи за дронови.
Во отворениот дел на Саемот се изложени сите елементи, од патнички до борбени авиони и хеликоптери, потоа од огромни транспортни авиони до оклопни воени возила, и од акробатски авиони до цивилни хеликоптери.
Пол Бенет (45), пилотот кој учествуваше во денешната акробатска програма, за АА изјави дека слични перформанси работел и во другите земји како Кина, Јужна Кореја и Папуа Нова Гвинеја.