Felix Nkambeh Tih
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
МОГАДИШУ (АА) - Непознат напаѓач уби две лица, меѓу кој и една членка на Обединетите нации во сомалискиот главен град Могадишу, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението, Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), станува збор за Амина Мохамед Нор која била застрелана во нејзиното приватно возило заедно со возачот од друга партнерска организација кој исто така умре.
Мохамед била вработена како виш соработник во еден од сервисите на УНХЦР во Могадишу од 2011 година. Според очевидци, напаѓачот го пресретнал возилото на ОН и пукал во него. Напаѓачот избегал од местото на несреќата пред да пристигне полицијата.
"Деталите од од овој чин на насилство е под истрага, но служи како уште еден потсетник на опасностите сп кои многу хуманитарни работници се соочуваат во нивната секојдневна работа во оваа област. Во име на вработените на УНХЦР, би сакал да го пренесам нашето искрено сочувство и солидарност до семејството на Мухамед", рече Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутереш.
Ниту една група за нападот не ја презеде одговорноста, но за слични напади во минатото вината им се препишуваше милитантната група Ал Шабаб.