Muhammet Nazım Taşcı
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ИСЛАМАБАД
Во пакистанската покраина Белуџистан дојде до сообраќајна несреќа во која се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 11 лица, а 7 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Радио Пакистан, автобусот, што тргнал од градот Карачи, се превртел за време на патувањето низ областа Утхал.
Во несреќата животот го загубија 11 лица, а 7 се повредени.
На местото на несреќата се упатени голем број амбулантни возила, а повредените се хоспитализирани во локалните болници.