Mustafa Deveci
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Во Пакистан патнички автобус удри во возило на влечна служба паркирано покрај патот. Во несреќата животот го загубија 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на полицијата соопштија дека во јужниот дел на Пакистан, во близина на градот Мултан, патнички автобус удрил во возило на влечната служба паркирано покрај патот.
Во несреќата загинаа 111 патници, а се претпоставува дека до неа дошло како последица од лошите временски услови и густата магла, која го оневозможила шоферот на автобусот да го забележи паркираното возило на влечната служба покрај патот.
Во несреќата се повредени околу 20 лица кои се наоѓаат на лекување во болница.