Umur Koçak Semiz
11 јануари 2016•Ажурирај: 12 јануари 2016
ВЕРАКРУЗ (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 25 се повредени кога автобус со фудбалска екипа слетал од мостот во близина на јужниот мексикански град Кордоба, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставничката на локалната Цивилна заштита, Јоланда Гутиерез, изјави дека меѓу 25-те повредени, неколкумина се во животна опасност и се стравува дека билансот на смртно настраданите би можел да порасне.
Официјалните лица досега не го објавија идентитетот на настраданите, а локални извори јавуваат дека станува збор за автобус кој превезувал фудбалска екипа.
Првите резултати од истрагата укажуваат на тоа дека несреќата е предизвикана поради неприлагодена брзина при преминување на мостот.
Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, преку социјалната мрежа Твитер, им изрази сочувство на семејствата на настраданите.