Ömer Tuğrul Çam
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари средба со претседателот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, на која беа разменети мислења за прашањата како што се климатските промени и енергетската безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на НАТО, за време на состанокот меѓу Столтенберг и Бирол во седиштето на НАТО во Брисел, станало збор за прашањата за климатските промени и безбедноста, како и за енергетската безбедност, трансформацијата на чистата енергија и зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и ИЕА.
Во соопштението се потсетува дека НАТО ги вклучи климатските промени во активностите на Алијансата, а ИЕА го предводи креирањето на енергетските политики кои емисиите на јаглерод диоксид ќе ги сведат на нула.
Наведувајќи дека Столтенберг со задоволство ја поздравил зголемената соработка меѓу двете институции, се истакнува дека транзицијата кон чиста енергија ги прави блиските односи уште поважни на глобално ниво.