Aida Cako
27 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
ТЕЛ АВИВ (АА) - Стотици граѓани се собраа денес на „Плоштадот на заложниците“ и околните улици во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и ослободување на Израелците кои се држат во енклавата, јавува Анадолу.
Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа пароли со кои го повикаа израелското раководство да стави приоритет на преговорите.
Учесниците на протестот истакнаа дека ослободувањето на заложниците треба да биде во центарот на секој договор за запирање на конфликтот.