Riyaz Khaliq Khaliq
07 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Стотици луѓе се хоспитализирани откако во јапонскиот главен град Токио паднаа најобилните врнежи од снег во последните четири години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Противпожарната служба во Токио извести дека 215 луѓе, на возраст помеѓу 9 и 97 години, биле примени во здравствените центри откако се лизнале и паднале поради мразот и снегот“, објави „Кјодо њуз“.
Во Токио со популација од околу 14 милиони луѓе паднаа околу 10 сантиметри снег до доцна вечерта во четвртокот, создавајќи метеж во сообраќајот.
Температурите се спуштија до - 3,5 степени Целзиусови во Токио, што е за 1,8 степени подолу од претходниот ден, според метеоролошките власти.
Локалната полиција извести дека врнежите од снег биле причина за околу 77 сообраќајни несреќи во градот, кои, исто така, резултирале со многу повредени.
Неповолните временски услови го нарушија сообраќајот и на автопатите, што предизвика преоптовареност, што пак доведе и до принудно откажување на некои летови на Аеродромот „Ханеда“ во Токио.