Rahmi Gündüz
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Париз за време на анти-расистичките демонстрации минатата ноќ дојде до судир меѓу припадниците на безбедносните сили и демонстрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на здруженијата кои се борат против расизмот, синоќа организираа демонстрации во сеќевање на Клемент Мерик, којшто пред три години беше претепан до смрт од радикалните „скинхедси”.
Демонстрантите во еден момент почнаа да фрлаат камења и шишиња на припадниците на безбедносните сили, кои одговорија со солзавец и водени топови.
За време на немирите беа превртени и неколку возила на градската управа на Париз. Демонстрантите ги демолираа столбовите од уличното осветлување и го кршеа стаклото на некои деловни објекти.
Според министерството за внатрешни работи приведени се четири лица.
Момчето Климент Мерик на 5-ти јуни 2013 година, беше претепан до смрт од група напаѓачи, што предизвика остра реакција на јавноста.