Mohamad Misto,Adham Kako
08 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - Во североисточниот дел на Сирија, во подрачјето на Хасека дојде до вооружен судир меѓу силите на режимот на Асад и милитантите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, утрово во месноста Камишли во подрачјето на Хасека, тензиите меѓу силите приврзани на режимот на Асад од подрачјето и терористите на ЈПГ/ПКК кои го окупираа местото прераснаа во вооружен судир.
Локалните извори информираат дека во судирот што трае, животот го загубиле 11 војници на режимот и 7 терористи на ЈПГ/ПКК. Покрај тоа, ранети се неколку терористи на ЈПГ/ПКК.
Според добиените информации, причина за судирот биле приведувањата на младите од Камишли од страна на силите на режимот на контролната точка поставена на патот Хасека - Камишли.
Претходно, во месноста Хасека дојде до слични судири меѓу двете страни.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК и режимот на Асад заедно раководат со градот Хасекa и Камишли, бидејќи режимските сили држат неколку точки во двата града.