Zuhal Demirci
01 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ЛОНДОН
Голем број лица се повредени при судир на два воза во близина на градот Солсбери во Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на Вилтшир преку социјалната мрежа Твитер информираше дека два воза се судриле меѓу Ендовер и Солсбери. Во соопштението се наведува дека на местото на несреќата се испратени околу 50 противпожарни и амбулантни возила.
Британската транспортна полиција соопшти дека несреќата се случила во тунелот во Фишертон. Во соопштението се вели дека во несреќата се повредени голем број патници, но нема загинати.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, во несреќата се повредени најмалку 12 патници.
Се истакнува дека во несреќата, еден од вагоните излегол од шина.
Се уште не е дадена некоја официјална изјава во врска со причината за несреќата.