Emel Öz Gözellik
16 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Тројца бунтовници загинаа во судирите меѓу безбедносните сили и бунтовниците во Џаму и Кашмир, Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во медиумите, официјалните лица истакнале дека се случиле судири меѓу безбедносните сили и бунтовниците во регионот Пазалпора во Анантнаг.
Официјалните лица истакнаа дека во судирите биле убиени тројца бунтовници.
- Индија го укина посебниот статус на Џаму и Кашмир
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област. Според „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), стотици луѓе, претежно политички лидери, се приведени или уапсени од властите откако индискиот Парламент го направи овој потег.
Лидерите и жителите на Кашмир стравуваат дека овој потег е обид на Индија да ја смени демографијата на државата, каде што некои групи се борат против индиското право за независност или обединување со соседен Пакистан.
Индија и Пакистан контролираат делови од Кашмир и бараат контрола во целост. Кина, исто така, контролира дел од спорниот регион, но токму Индија и Пакистан војуваа двапати за Кашмир.
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област.