Ruslan Rehimov
13 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
БАКУ (АА) – На границата помеѓу Азербејџан и Ерменија започнаа интензивни судири меѓу воените единици на двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската армија извршила опсежни провокации во вечерните часови на границата во правците Дашкесен, Келбаџар и Лачин.
Исто така се нагласува дека диверзантските групи на ерменските вооружени сили поставиле мини на теренот и патиштата меѓу позициите на азербејџанската армија во различни правци. Како резултат на мерките преземени од азербејџанските војници за да се спречи таа ситуација избувнаа судири.
Некои од позициите и засолништата на азербејџанската армија во Дашкесен, Келбаџар и Лачин беа под оган со различен калибар на оружје, вклучително и минофрлачи на ерменската армија од областите Басаргечер, Истису, Каракилисе и Горус. Како резултат на нападот, има жртви меѓу воениот персонал и оштетување на воената инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека азербејџанската армија ги презела неопходните мерки за да ги стопира ерменските вооружени сили и да спречи проширување на конфликтот. Се наведува дека ерменските вооружени сили, кои учествуваа во провокациските операции против Азербејџан имаат загуба во сили и опрема.
Меѓу другото, се наведува дека за конфликтот и загубите целосно е одговорна администрацијата на Ереван.