Gülşen Topçu
13 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ТРИПОЛИ (АА) - И покрај претходно договореното примирје, на југот на Триполи, во Либија доаѓа до повремени судири помеѓу Владата на национално единство и силите лојални на Калифа Хафтар, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, на повик на Обединетите нации (ОН) беше договорено примирје по повод Курбан бајрам, но и покрај тоа, пукотници одекнуваа на подрачјето на Ајн Зара, Халет Авн, на патот кон аеродромот и во јужните делови на Триполи.
Владата на национално единство во неделата соопшти дека силите на Хафтар не се придржуваат до примирјето.
Либискиот воен командант Калифа Хафтар на 4 април им нареди на силите лојални на неговиот табор да тргнат во заземање на Триполи, главниот град на Либија, кој е под контрола на либиската Влада на национлно единство која ја поддржуваат и Обединетите нации (ОН), на што со операција одговорија единиците на Владата на национално единство.