Irmak Akcan
03 Јануари 2025•Ажурирај: 04 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Јужнокорејското Биро за истраги за корупција објави дека е суспендиран налогот за приведување на Јун Сук Јеол, сменетиот претседател на Јужна Кореја кому му беше одземена функцијата претседател поради прогласувањето воена состојба на 3 декември, известува Анадолу.
Според веста објавена од „Јонхап“, Бирото за истраги за корупција во 13:30 часот по локално време објави дека е суспендирано извршувањето на налогот за приведување.
Дошло до расправија меѓу обезбедувањето и полицијата што пристигнала во службената резиденција за да го приведат разрешениот претседател Јун.
Неименуваниот полициски функционер информирајќи дека настанал проблем меѓу тимот за приведување и воената единица во претседателската резиденција, рече:
„Откако обвинителите од Бирото за истраги за корупција ја поминаа првата и втората бариера, влегоа во расправија со претседателската служба за безбедност пред резиденцијата.“
Рокот за спроведува на налогот за приведување на Јун под обвинение за „бунт и злоупотреба на власта“ поради прогласувањето краткорочна воена состојба на 3 декември трае до 6 јануари.
- Прогласувањето воена состојба во Јужна Кореја
Претседателот Јун Сук Јеол прогласи воена состојба во телевизиски говор ноќта на 3 декември 2023 година, со образложение дека „опозицијата била вклучена во антидржавни активности“, но тој се повлече откако парламентот гласаше за поништување на оваа одлука и истата беше одобрена од министерскиот Кабинет.
Јун, чие импичмент беше побаран од парламентот, беше привремено суспендиран од функцијата до одлуката на Уставниот суд за неговиот случај, а потоа беше заменет од премиерот Хан Дак-су.
Потоа, на гласањето што се одржа во Националното собрание на 27 декември по иницијатива на опозицијата беше донесена одлука за отповикување и на премиерот Хан. кој беше в.д. Вицепремиерот и министер за финансии Чои Санг-мок ја презеде функцијата вршител на должноста претседател наместо Хан.
На местото на Хан, функцијата вршител на должноста претседател ја презеде вицепремиерот и министер за финансии Чои Санг-мок.