Mehmet Tosun
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од турскот Кабинет за комуникации е соопштено дека е разговарано за билатералните односи и регионалните прашања меѓу кои и кризата во Либија.
Ердоган и Трамп се согласни за блиската соработка за да биде остварен обемот на трговија од 100 милијарди долари, но и по прашањето за постигнување на трајна стабилност во Либија.