Dmitri Chirciu
29 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, оствари телефонски разговор за Сирија со германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Кремљ, Путин остварил телефонски разговор со Меркел.
Во соопштението се нагласува дека Путин и Меркел разговарале за состојбата во сириски Идлиб.
„Страните нагласија дека важно е брзо да се формира Уставниот комитет“, се наведува во соопштението.
Според ова соопштение, двајцата лидери истакнале дека кризата во источниот дел на Украина треба да се реши во рамки на Договорите од Минск, а се согласиле работите да продолжат во форматот на Нормандија.
Во соопштението се вели дека за време на разговорот станало збор Русија и Германија да продолжат да го поддржуваат решавањето на либиското прашање на мирен начин.
Покрај тоа, во соопштението се истакнува дека Путин и Меркел разговарале и за нуклеарниот договор со Иран.