Betül Yürük
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, изјави дека осмиот круг на мировни преговори за Сирија, кои се одржуваат во Женева, ќе започнат на 28 ноември, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Мистура преку видео линк на заседанието на Советот за безбедност на ОН, на кој се дискутираше за состојбата во Сирија, истакна дека е планирано мировните преговори да започнат кон крајот на ноември.
Тој истакна дека за време на осмиот круг на преговори ќе се разговара за уставните прашања како и можното одржување на избори во Сирија под надзор на ОН.
Тој додаде дека на 30 и 31 октомври во Астана ќе бидат одржани преговори за Сирија.
Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш побара од Де Мистура во наредниот период да ги интензивира потребните активности во врска со преговорите за сириската криза.