Esra Tekin
08 Јуни 2026•Ажурирано: 08 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес повика Израел и Иран „веднаш“ да прекинат со судирите по меѓусебните воздушни напади, пренесува Анадолу.
„Израел и Иран мора веднаш да престанат со нападите“, порача Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Претходно денес израелските сили погодија петрохемиска компанија во Махшар, Иран, предизвикувајќи делумна штета на индустрискиот комплекс, соопштија иранските власти.
Во меѓувреме, сирените се огласија во неколку градови во централниот и јужниот дел на Израел по лансирањето ракети од страна на Техеран.
Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран кон крајот на февруари, што предизвика одмазда од страна на Иран врз Израел и други земји во регионот во кои се наоѓаат американски воени бази.
Привремен прекин на огнот беше постигнат на 8 април, но потоа преговорите беа прекинати поради спорови околу неговото спроведување и последователните регионални случувања.