Muhammed Bilal Kenasari
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека го помилувал поранешниот шериф, Џо Арпаио, на кого му беше изречена затворска казна поради насилство и прекршување на правата на мигрантите во американската сојузна држава Аризона, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Имам чест да ве известам дека му дадов целосно помилување на 85-годишниот американски патриот, шерифот Џо Арапио. Тој ја чуваше Аризона безбедна“, истакна претседателот Трамп во неговата објава на Твитер.
Исто така, од Белата куќа објавија соопштение во врска со случајот:
„Арпаио со години ѝ служеше за оваа земја на респектибилен начин. Тој е лице што го заслужи претседателското помилување“, се вели во соопштението.
Од друга страна, Арпаио преку својот Твитер профил упати благодарност до Трамп, и истакна дека уште од периодот на Барак Обама започнат е „лов на вештерки“ против него од страна на лица на државни функции.
Поранешниот шериф Арпаио е познат како најстрогиот шериф во земјата, особено со острите практики против илегалните мигранти. Тој ги принудувал машките затвореници да носат розева долна облека, и им давал лошо јадење.
Тој особено е познат по расистичкиот став против Латиноамериканците, а минатиот месец му беше изречена затворска казна од шест месеци поради злоупотреба на својата функција.