Dildar Baykan
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
ВАШНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека го разрешил советникот за национална безбедност, Џон Болтон и рече дека наредната недела ќе назначи назначи нов советник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во понеделник вечерта го разрешил Болтон од неговата функција.
„Жестоко не се согласував со неговите бројни предлози, како и другите во админситрацијата, затоа го замолив Џон за негова оставка која утрово ми е врачена", напиша Трапм и додаде:
„Му се заблагодарувам на услугата. Ќе именувам нов советник за национална безбедност следната недела.“