Hakan Çopur
19 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека за решавањето на кризата во сирискиот Идлиб соработува со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп вечера отпатува во Лос Анџелес, а на аеродромот „Џоинт Бејс Ендрјус" се обрати пред новинарите и помеѓу останатото, го коментираше и неодамнешниот телефонски разговор кој го имаше со турскиот колега Ердоган.
Трамп за Ердоган рече дека е силен и тврд лидер и дека со него има добри односи.
Тој рече дека САД и Турција блиску соработуваат на решавањето на кризата во Идлиб и дека со Ердоган разговарал за чекорите кои би можеле да се преземат како да запрат нападите кои во Идлиб ги изведуваат силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и ирански сојузници.
„Тој се бори за Идлиб и не сака таму да бидат убиени илјадници и стотици илјади луѓе", рече Трамп.
Трамп и Ердоган телефонски разговараа минатиот викенд, а од Белата куќа е соопштено дека Трамп му се заблагодарил на Ердоган на напорите кои Турција ги вложува за да се спречи хуманитарната катастрофа во Идлиб.