Michael Hernandez
16 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека турската операција „Извор на мирот" на североистокот на Сирија не е проблем на Соединетите Американски држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
„Турската операција Извор на мирот не е наш проблем, тоа е прашање помеѓу Турција и сирискиот режим", рече Трамп за новинарите во Белата куќа.
Додаде дека тоа прашање би требало да биде решено помеѓу Турција и режимот на Башар ал-Асад.
Исто така за елементите на сирискиот ЈПГ/ПКК рече дека „не се анѓели".
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.