Safvan Allahverdi
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот Доналд Трамп вчера се обрати до лидерите на заливските земји за да ја изрази својата загриженост во врска со тековниот спор меѓу Катар и неговите соседи, се соопштува од Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп разговараше одделно со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, принцот од Абу Даби, Зајед Aл Нахјан и со емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, се вели во соопштението.
Тој повика на единство и ја потврди важноста за запирање на финансирањето на терористите и дискредитацијата на екстремистичката идеологија, се додава од Белата куќа.
Претседателот, исто така, истакна дека единството во регионот е од клучно значење за остварувањето на целите на Самитот во Ријад, за поразување на тероризмот и промовирање на регионалната стабилност.
На Арапскиот исламски самит одржан на 21. и 22. мај, во главниот град на Саудиска Арабија, присуствуваше и Трамп заедно со лидерите и претставниците од 55 исламски земји.
Дипломатскиот спор избувна на 5 јуни, кога Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен нагло ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја земјата дека се меша во внатрешните работи на другите земји во регионот и дека поддржува терористички групи.