Dildar Baykan
26 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упатувајќи повик до Сирија, Русија и Иран да ги прекинат нападите врз Идлиб, рече дека Турција работи за да го спречи масакрот во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на својот официјален профил на Твитер се огласи за нападите врз Идлиб од страна на режимот на Башар ал Асад и Русија.
„Русија, Сирија и Иран убиваат или се пред убивање на илјадници невини луѓе во Идлиб, немојте да го правите тоа. Турција работи за да го спречи масакрот“, напиша Трамп на Твитер.