Büşra Nur Çakmak
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јули (утре) ќе допатува во официјална посета на Турција на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти денес директорот за комуникации на Турција, Бурханетин Дуран, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено на турската социјална мрежа „НСосјал“, Дуран наведе дека Ердоган и Трамп во Анкара ќе одржат разговори за билатералните односи меѓу „двата блиски сојузници и стратегиски партнери“.
„Двајцата лидери ќе разговараат за односите меѓу Турција и САД во сите димензии, вклучително и одбраната, трговијата и инвестициите, како и чекорите што би можеле да се преземат за продлабочување на постојната соработка“, додаде Дуран.
„Двајцата лидери се очекува да разменат мислења и за регионалните и глобалните случувања“, стои во соопштението.