Kasım İleri
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за нови санкции против Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA)
Според писменото соопштение на Белата куќа, ќе се зголеми економскиот и политичкиот притисок врз активностите на Северна Кореја кои предизвикаа закана и нестабилност.
„Претседателот Трамп ја поздравува новата одлука на Советот за безбедност при ОН кој санкциите против Северна Кореја, донесени како одговор за последното тестирање на балистичка ракета, ги направи построги“ се наведува во соопштението, и се вели дека Трамп ја поздравил поддршката на Кина и на Русија за донесување на оваа одлука.
- Новите санкции на Советот за безбедност при ОН против Северна Кореја -
Членовите на Советот за безбедност при ОН, со гласовите на 15 членки кои гласаа во корист на предлог-резолуцијата, ја усвоија оваа предлог-резолуција подготвена и поднесена во Советот од страна на САД, која содржи нови санкции против Северна Кореја.
Со оваа резолуција ќе се стави забрана за извоз на јаглен, железо, олово и морски производи, кои се најзначајни извори на приход на Северна Кореја. Новите санкции за третина би можеле да го намалат приходот од извоз, кој се проценува на околу три милијарди долари.
Освен тоа, забрането е и членките на ОН да издаваат работни визи на државјаните на Северна Кореја. Како резултат на усвојувањето на оваа одлука, некои претставници и компании од Северна Кореја се додадени на Листата за санкции против Северна Кореја на Советот за безбедност. Врз овие лица и институции ќе се применува забрана за патување, како и замрзнување на имот.
Северна Кореја претходно соопшти дека минатиот месец двапати извршила тестирање на интерконтинентални балистички проектили.