Zehra Ulucak
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
СЕНТ ЛУИС (АА) - По ослободувањето на еден поранешен полициски службеник кој пред 6 години уби афроамериканско момче во американската сојузната држава Мисури, започнаа протестите на Афроамериканците, во коишто досега се приведени повеќе од 80 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Под сомневање дека продавал дрога, Џејсон Стокли, полициски службеник, го застрелал и го убил 24-годишниот Ентони Ламар Смит. Против поранешниот полицаец Стокли во 2011 година, во Сент Луис бил поведен судски процес за убиство од прв степен. По донесената ослободителна пресуда, Афроамериканците во петокот излегоа на протести на улиците, кои сѐ уште траат.
Весникот „St. Louis Post-Dispatch“ (Сент Луис пост-диспеч) го објави образложението од градоначалничката Лида Кревсон, истакнувајќи дека протестите преку ден се мирни, но навечер доаѓа до немири. Таа истакна дека таквата состојба е неприфатлива и додаде „Не можеме да гледаме со толеранција на штетата шти ѝ се нанесува на околината“.
Според веста на „CNN“ (Си-eн-eн), високиот полициски службеник Лери О’Тул истакна дека се приведени демонстранти кои ги напаѓале полицајците и оние демонстранти кои ги уништувале околните згради.
О’Тул изјави: „Некои обвинети фрлаа хемиски средства и камења врз чуварите на редот. За време на демонстрациите се повредени неколкумина припадници на безбедносните сили. Меѓу припадниците на безбедносните сили нема потешко повредени. Сите наскоро ќе се вратат на својата должност“.
Во саботните демонстрации во предградието Делмар Луп во Сент Луис, кое е познато по концертите и ноќниот живот, се собраа афроамерикански демонстранти кои извикуваа пароли за заштита на нивните права. Иако полицијата упати апел демонстрантите да се разотидат, тие тоа не го направија.
Откако во подрачјето се испратени стотици полицајци со оклопни возила, демонстрантите се засолниле во една улица, во којашто кршејќи ги прозорците, се судриле со полицијата. За време на полициската интервенција, приведени се некои од демонстрантите, а едно лице е повредено откако било погодено од патронот со солзавец кој го испукале полициските сили.