Kanyshai Butun
12 Декември 2025•Ажурирај: 12 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов денес предложи изградба на Универзитет за мир и неутралност во соработка со Обединетите нации (ОН), објави туркменистанскиот онлајн весник „Златен век“, пренесува Анадолу.
Во обраќањето на Меѓународниот форум за мир и доверба во Ашхабат, главниот град на Туркменистан, тој нагласи дека Туркменистан развива конструктивни, заемно корисни и пријателски меѓународни односи поради својата неутрална политика.
„Универзитетот ќе се фокусира на истражувачки и образовни активности, потпирајќи се на богатото искуство на ОН во мировните операции“, додаде тој.
Тој, исто така, додаде дека Туркменистан има намера да го прошири својот ангажман со ОН.
„Би сакал да нагласам дека ОН ја гледаат нашата земја како одговорен и ефикасен партнер во решавањето на критичните глобални и регионални прашања, спроведувањето на целите за одржлив развој и промовирањето на фер и избалансирани пристапи кон меѓународната соработка во широк спектар на области“, заклучи тој.
За време на состанокот, Казахстан и Узбекистан ја поддржаа иницијативата на Бердимухамедов.