Erdoğan Çağatay Zontur
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турската меѓународна агенција за соработка и развој ТИКА, отвори клиника во Аракан, татковината на Рохинџа муслиманите во западниот дел на Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Клиниката во Ситве, главниот град на Аракан, ќе обезбеди мали хируршки операции, грижа за мајките и децата и амбулантска и општа нега“, се вели од ТИКА.

Оттаму додаваат дека здравствените услуги коишто ќе се обезбедуваат во клиниката ќе бидат достапни за сите етнички и религиски групи.
Муслиманите Рохинџа, опишани од Обединетите нации (ОН) како најпрогонуваната заедница во светот, се соочија со зголемени стравувања од напади, откако десетици беа убиени во насилствaта во 2012 година.

Според „Амнести интернешнал“ (Amnesty International), над 750.000 муслимани Рохинџа, од кои најмногу деца и жени, избегаа од Мјанмар и преминаа во Бангладеш, откако безбедносните сили на Мјанмар започнаа репресивни мерки против муслиманското малцинство во август 2017 година.
Од 25 август 2017 година, речиси 24.000 муслимани Рохинџа се убиени од безбедносните сили на Мјанмар, според извештајот на Меѓународната агенција за развој Онтарио (OIDA).
Над 34.000 муслимани Рохинџа се живи запалени, додека над 114.000 други биле претепани, се додава во извештајот насловен како „Присилна миграција на муслиманите Рохинџа: Нераскажани искуства“.
Околу 18.000 жени и девојки се силувани од Армијата и полицијата на Мјанмар, над 115.000 домови се запалени, а 113.000 се вандализирани.
ОН документираа масовни силувања од страна на банди, убиства - вклучувајќи и убивања на бебиња и мали деца - брутални претепувања и исчезнувања извршени од страна на безбедносните сили на Мјанмар. Во извештајот, истражителите на ОН истакнаа дека таквите прекршувања може да претставуваат злосторства против човештвото.