Sarp Özer
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, коментирајќи го тврдењето дека „турската морнарица вознемирувала француски брод", во централниот дел на Средоземното море, порача дека таквите наводи не се точни и реални, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кога ќе се земат во предвид сите податоци за кои располагаме, вклучувајќи ги и информациите од нашите бродови, може да се утврди дека таквите тврдења се потполно нереални. Напротив, турската морнарица од самиот почеток зазеде пријателски и конструктивен став и покажа дека е отворена за соработка.На барање на Французите обезбедија и дотур на гориво за спомнатиот брод. Документите и податоците за ова прашање, кои ја докажуваат нашата регуларност, ги споделивме со сојузниците и со цивилните и воени функционери во седиштето на НАТО", рече Акар пред новинарите по посетата на Ширнак.
Порача дека Турција секогаш ги исполнувала своите должности и обврски во рамките на НАТО.
„Очекуваме дека некои наши сојузници ќе постапат во согласност со духот и солидарноста на НАТО сојузот во рамките на постоечките процедури и принципи, а не да креираат вештачка агенда која ќе им служи на нивните политички цели. Ние секогаш се залагаме за дијалог и координација. Исто така би сакал да потсетам дека функционерите на НАТО се благодарни на нашите поморски сили на нивниот професионален и внимателен пристап во текот на овој случај. Турција секогаш била свесна за своите должности и одговорности во рамките на НАТО, а така ќе биде и во иднина", рече Акар.
Потсети дека министрите за одбрана на земјите на НАТО преку телеконференција одржаа состанок на кој е разговарано за прашањата за одбраната и за најважните регионални и глобални теми.
На состанокот уште еднаш се преиспитани досегашните мерки преземени во рамките на борбата против коронавирусот (Ковид-19), додавајќи дека е постигнат консензус за мерките кои е потребно да се преземат против вториот бран на вирусот.