Diyar Güldoğan
13 Јуни 2023•Ажурирај: 13 Јуни 2023
АНКАРА (АА) -
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со официјална церемонија во Баку го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
Ердоган допатува во Азербејџан по посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како дел од неговата прва странска турнеја по реизборот на 28 мај.

Лидерите се очекува да разговараат за чекорите за понатамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Туркије и Азербејџан и ќе разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања.
Пред меѓуделегациската средба, Ердоган рече дека Туркије е подготвена да го отвори својот генерален конзулат во Шуша во секое време.
„Ако може да се отвори нашиот генерален конзулат во Шуша, тоа ќе биде поинаква порака до целиот свет, особено до Ерменија“, нагласи Ердоган.
Од друга страна, Алиев рече дека единството и братството меѓу Туркије и Азербејџан се фактор на стабилност, развој и безбедност.
„Сигурен сум дека нашето пријателство и братство ќе бидат на високо ниво како и секогаш во наредните години“, истакна Алијев.

Пред средбата, Ердоган ги посети гробот на поранешниот азербејџански претседател Хајдар Алиев и гробиштата на турските и азербејџанските херои.
Подоцна се очекува Ердоган да го посети и воздухопловниот команден центар на азербејџанското Министерство за одбрана.