Diyar Güldoğan
22 Август 2022•Ажурирај: 23 Август 2022
АНКАРА (АА) – Турските сили „неутрализираа“ тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Терористите планирале напад врз зоната на операцијата „Извор на мирот“ во Турција, во близина на турската граница, се вели во соопштението на Министерството.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.